Нафта и гас

Постапки на хидро-третирање и хидро-крекување

Кај постапките за хидро-третирање и хидро-крекување кои се користат за производство на мешавини на заситени јаглеводороди чиј состав зависи од условите при постапките (температура, притисок, активност на катализаторот), потребна е голема количина на водород која генерално се произведува директно на локацијата со користење на постројки за реформирање на пареа (Steam Reforming (SMR) plants).

Со знаењето и искуството кое СОЛ го има, тој може да понуди производи, услуги и технологии за производство, контрола и целосно управување со водородот, почнувајќи од нудење помош при проектирањето на нови производствени единици, обновување на постоечките единици се до управување со целосниот систем за снабдување со гас. Понудата вклучува и постапување со залихите од водород во соодветни контејнери како што се цилиндрични кошници, кои може да бидат потребни за пуштањето во употреба на SMR постројката. Благодарение на соработката со високо квалификувани оператори како и достапноста на специфични апарати и квалификуван персонал, СОЛ на своите клиенти може да им понуди индивидуални и проверени решенија, соработувајќи уште од фазата на дизајнирање.

Гасови

Сектори на употреба

СОЛ за индустрија
Потребни ви се повеќе информации?
Контактирајте не на