Подобрено вадење на нафта (или гас) - EOR
Експлоатацијата на јаглеводородни депозити со користење на EOR техниките стана вообичаена пракса, благодарение на достапноста на производите кои имаат многу мало или немаат влијание врз животната средина, како што се азотот и CO2, и иновативните технологии за нивно користење.
Моментално најчесто користено решение е вбризгување на гас во бушотините при тоа користејќи постројки и опрема кои можат да работат во криогенска фаза. Ова решение се користи поради подобрите резултати во споредба со другите техники. Азотот повеќе се користи кај бушотините на природен гас поради неговата ограничена интеракција со животната средина, а CO2 најмногу се користи кај бушотините за сурова нафта, бидејќи ја намалува вискозноста на нафтата.
Постојаната достапност на криогенскиот гас на местото каде тој се користи, базирана на заедничка програма за работа и континуирана размена на информации со што лесно може да се следи напредокот на работата, да се предвидат и решат било какви проблеми, ова е тоа што е карактеристично за услугите кои СОЛ ги нуди под акронимот SENS: платформа за организирање и управување со складирањето, автоцистерни со специјални пумпи за полнење и техничка помош на лице место, со што им се олеснува работата на клиентите.