Единици за контрола на емисиите
СОЛ нуди редовни и вонредни услуги за одржување на постројките за технички гасови како и аналитички инструменти кои се користат во процесите за анализа на животната средина, особено за контрола на емисијата на штетни гасови (чад) при нафтено-хемиските производни процеси. Редовното одржување се врши со програма на контроли и интервенции кои се дефинираат во согласност со техничкиот оддел на клиентите, извештаи за извршените интервенции, вклучувајќи и целосни податоци за сите компоненти кои се вградени/или заменети и овие податоци се евидентираат на посебен компјутерски софтвер кој е достапен онлајн.
Вонредното одржување се врши на тој начин што СОЛ нуди специјализиран персонал на својот бесплатен телефонски број. Така, СОЛ обезбедува одржување и калибрација на контролните анализатори за емисија на издувни гасови, чисти гасови за аналитичките инструменти, смеси за калибрација на анализаторите и за работа на одредени инструменти и сите потребни материјали (адаптери, спојки, филтри, генератори и слично).