Системи за рециркулација на гасови - SolMet
СОЛ нуди системи и процеси за гасна рециркулација кои може да се користат во печки за топење за производство на алуминиум дури и од остатоци со слаб квалитет: посебен „SolMet“ горилник со окси-согорување, развиен за да биде интегриран со системот за гасна рециркулација, обезбедува максимална флексибилност во долги оперативни интервали.
Вентилатор за висока температура, директно од електричниот панел на „SolMet“системот, го контролира количеството гасови кои рециркулираат врз основа на барањата на процесот, како и параметрите откриени со помош на специјален „PLC“ контролор програмиран врз основа на вештини и знаење стекнати од страна на СОЛ во овој сектор и на специфичните потреби на клиентот, за враќање на топлината од несогореното гориво во корист на процесот на топење и заштеда на гориво.