Збогатување на оранжерии со CO2 - Ортофлор®
Ортофлор® е технолошкото решение кое СОЛ го нуди за збогатување на оранжериите со јаглерод диоксид. СОЛ нуди широк спектар на технолошки решенија врз основа на сопственото познавање и искуство со користењето на техничките гасови во земјоделството.
Денес Ортофлор® е резултат на континуирано експериментирање, проучување и развој на технологиите кои често се од суштинско значење за постигнување на значителни подобрувања во квалитетот и производството на земјоделските култури.
Со Ортофлор® значително може да се зголеми оранжериското производство: истражувањето спроведено во период од над 30 години покажа дека зголемувањето на концентрацијата на јаглерод диоксид во средината во која се одгледува одредената култура го зголемува растот на голем број на растенија, го подобрува квалитетот на културите и пред се го намалува времетраењето на производствениот циклус, што значи подобар принос (обично над 25-30%) и значителна заштеда на култивирани површини.
Оранжериското производство на земјоделците им овозможува производство на земјоделски култури во текот на целата година и задоволување на побарувачката на потрошувачите во подолг временски период: со Ортофлор® фотосинтезата станува поефикасна бидејќи се апсорбира повеќе јаглерод диоксид, а како резултат на тоа се подобрува здравјето и развојот на растенијата.