Третман на вода во прехранбена индустрија
Квалитетот на водата што се користи при обработка на храна секако мора да ја гарантира исправноста на прехранбените производи со кои доаѓа во контакт, а тоа вклучува додавање на одредени средства за дезинфекција на водата со кои се контролира растот на бактериската флора. Поради тоа, важно е внимателно да се контролира pH вредноста на водата која се користи при обработката на храна, особено за да се избегне нејзино зголемување затоа што со тоа од една страна се овозможува ефикасна дезинфекција, а од друга се избегнува таложењето на хемикалии кои се чувствителни дури и на мали варијации на рН вредноста и температурата, што може да предизвика затнување и застој што ќе резултира со пад во производството.
Технологиите и знаењето кое СОЛ го има во третманот на вода заедно со употребата на квалитетен јаглерод диоксид за храна, овозможуваат спречување на овие проблеми благодарение на контролираното и автоматско дозирање на јаглерод диоксид кој оди директно во постројката: остатоците кои се добиваат откако ќе се раствори јаглерод диоксидот се карбонати и бикарбонати кои се нормално присутни во водата и се целосно компатибилни за употреба кај храна.