Храна & пијалаци

Постројки и материјали за дистрибуција и регулација на сертифицирани гасови за употреба со храна

Преку компаниите во групацијата, СОЛ произведува и им нуди на компаниите од прехранбената индустрија компоненти од постројките сертифицирани за дистрибуција, регулација и контрола на гасовите кои се користат во прехранбената индустрија: освен според ISO 9001 овие компоненти се сертифицирани и според ЕУ 1935/2004 директивата (материјали во контакт со прехранбени производи).

Гасовите кои ги обезбедува СОЛ, се користат кај технологиите на пакување на храна и пијалаци или карбонизација на пијалаци, се сметаат за прехранбени адитиви согласно важечките прописи и се сертифицирани како храна, се до испораката до клиентите која се врши во посебни садови. Потоа, тие имаат контакт со вентили, регулатори на притисок и мешачи кои се во контакт со прехранбените гасови и истите не смеат да ја компромитираат исправноста и квалитетот на гасовите: ова се главните фактори кои мора да и бидат загарантирани на прехранбената компанија која ја сноси одговорноста за своето производство.

Компонентите на постројката АлиСОЛ кои ги обезбедува СОЛ се сертифицирани за употреба со храна, вклучувајќи ги и линиите кои ги поврзуваат, поради што корисниците може да бидат сигурни дека квалитетот на гасот не се менува се до моментот на негова употреба и како таков не може да биде извор на контаминација на храната.

Клиентот сертификатот може да го стави во прилог на неговиот НАССР прирачник и истиот да го покаже на своите клиенти како гаранција за висок квалитет и безбедност на храната.

 

 

 

СОЛ за индустрија
Потребни ви се повеќе информации?
Контактирајте не на