Мелење на ниска температура
Благодарение на многу ниската температура (-196°C при нормален атмосферски притисок), течниот азот се користи за мелење на прехранбени производи како што се кафе, зачини, билки, какао, семиња и лешници, храна која може да го измени вкусот и да изгуби дел од својата арома при традиционалното мелење. СОЛ нуди технологии, производи и услуги за мелење на прехранбени производи при ниски температури, со што се ограничува природното зголемување на температурата при овој процес, што создава дополнителни проблеми, како на пример заглавување на материјалот во мелницата, загуба на време, нееднаквост на гранулите и оксидација. Сето ова се елиминира со создавањето на инертна атмосфера преку употребата на азот.
Предностите на користењето на течниот азот на СОЛ во оваа технологија, исто така се однесуваат на заштеда на енергија, како и зголемување на продуктивноста поради поголемата брзина на мелење.