Ладење на грозје со CO2
Квалитетот на виното зависи од фенолните и ароматични соединенија кои се наоѓаат главно во лушпите и семките на грозјето и кои подобро може да се екстрахираат со користење на CO2 во течна или цврста состојба.
СОЛ обезбедува широк спектар на решенија во кои се користи CO2 за распаѓање на клеточните мембрани и подобрување на екстракцијата на оваа состојка, а со тоа во исто време се врши заштита на грозјето и виното од оксидација.
Ладната мацерација на ширата е технологија за одложување на почетокот на ферментација на црвеното грозје за една / две недели со строга контрола на температурата. Целта на овој процес е да се постигне екстракција на посакуваните боја и мирис.
Ниската температура на која CO2 ја задржува ширата може да извлече антоцијани, флавоноиди и други ароматични соединенија со кои виното добива повеќе боја, структура и повеќе ароматични ноти во споредба со класичната мацерација.
За ладење на грозјето за виното после бербата може да се користи CO2 во цврста состојба со што веднаш се намалува температурата и ризиците од оксидација и предвремена ферментација.
Ладењето на ширата се врши со директен контакт на CO2 во цврста состојба во форма на мали пелети во резервоарот со ширата или во дробилката, или со течен CO2 со автоматска или мануелна работа. СОЛ може да ја обезбеди целокупната опрема и систем за контрола за процесот на ладење.