Храна & пијалаци

Дезинфекција

Прехранбените компании мора да дефинираат и имплементираат програми за безбедност на храната врз основа на принципите на HACCP, посебно за контрола на размножувањето на бактериите, мувлата, габите и други микроорганизми: технологиите, производите и услугите кои ги нуди СОЛ овозможуваат спречување и контрола на биолошкиот ризик во производствените средини, вклучувајќи ја и опремата која се наоѓа таму.

Потребата од дезинфекција се јавува поради доказите дека рокот на траење на храната, и во случај кога е спакувана со мешавина од гасови со сертифициран квалитет, може да биде загрозен доколку работната средина не ги исполнува хигиенските услови одредени согласно Европската регулатива 852/2004: санитарната и контролирана средина овозможува производство на храна со поголема безбедност и избегнување на серии кои доколку се произведени во лоши услови, може да развијат мувла, со што се скратува векот на траење на производот и постои висок ризик од враќање на производот што резултира со економска штета и нарушување на имиџот на компанијата.

Дезинфекцијата со распрскување на биоцидни производи во течна состојба без остатоци во животната средина и одржувањето на чистите средини со филтрирање со СОЛ постројката овозможува со ниски инвестиции и мали оперативни трошоци да се задржи високо ниво на квалитет на производство и безбедност на храната.

Исто така и озонот може да се користи како биоцид за одржување на чиста опрема и работни површини како и за да се спречи вкрстена контаминација на храната и ризикот од болест кои се пренесуваат преку храната. Еден од поголемите проблеми е формирањето на биофилмови на опремата за преработка на храна. Биофилмовите се слоеви од микроорганизми кои се цврсто врзани за површината и доколку таа правилно не се исчисти, овие микроорганизми може да се групираат и да формираат биофилмови. Озонот може да се користи на ножеви, пили, површини на маси, подвижни ленти и материјали за пакување.

СОЛ за индустрија
Потребни ви се повеќе информации?
Контактирајте не на