Анализа и контрола на патогени микроорганизми - опрема на Диатева
Проверувањето на присуството на патогени микроорганизми во храната како на пример салмонела е од суштинско значење за избегнување на проблеми со контаминација на храната како и скапи враќања на производи. Но, класичните микробиолошки тестови траат подолго време (неколку дена) и за нив потребно е продолжено време на складирање или прифаќање на ризикот производот да биде вратен. Со помош на опремата на Диатева, која е во рамките на СОЛ групацијата од областа на биотехнолошки производи, времето за потребните анализи за било кој патоген може да се намали на неколку часа, што нуди брза гаранција за исправноста на производите кои се испраќаат.
Опремата се базира на PCR технологија во реално време со што се испитува нормалната PCR реакција која ја засилува ДНК на било кој патоген микроорганизам присутен во храната во реално време и го осветлува со користење на специфични флуорофори кои имаат интеракција со ДНК на патогенот и бидејќи тие се флуоресцентни молекули, истите може да се откријат и измерат со посебен инструмент.
Ова е посебно корисно за живинарските фарми или компании кои произведуваат храна која содржи месо од живина, како и за лабораториите од областа на микробиолошката анализа, бидејќи оваа технологија нуди значајна заштеда на време и пари.