Рекарбонизација и реминерализација
Концентрацијата на јоните на калциум и магнезиум во водата варира во зависност од изворот на водата –со какви видови на камења е во контакт – како и третманот кој се врши на водата, на пример, намалувањето на заматеноста може да резултира во намалување на количината на растворени соли. Концентрацијата на јоните на калциум и магнезиум јоните го одредуваат степенот на тврдина на водата: доколку концентрацијата на овие соли е многу ниска, тогаш треба да се преземат мерки со цел да се постигне законски препорачаниот минимум степен на тврдина.
Во таа насока, СОЛ нуди производи, услуги и технологии кои се тестирани во најразлични области: потребниот степен на тврдина се добива со додавање на соодветната количина на сертифицирани соли за храна и CO2, со стандардни дози на CO2 од неколку ppm, во зависност од почетниот степен на тврдина и други параметри кои се вклучени во процесот. Технологијата на СОЛ прецизно ги контролира овие дози преку регулирање на количеството на CO2 кое се става во водата, врз основа на повеќе параметри контролирани со каскаден контролен систем. Освен тоа, активностите поврзани со додавањето на CO2 се едноставни и не се инвазивни.