Подобрување на станиците за биолошки третман на отпадни води - Ecojet®
Пречистителните станици за отпадни води може да немаат доволно капацитет доколку се зголемат потребите за третман: за да се избегне зголемувањето на резервоарите за биолошка оксидација што претставува покомплексна постапка, СОЛ создаде голем број на технологии со кои може да се постигнат подобри резултати и да се има поголем капацитет на третман во истиот простор, при тоа овозможувајќи третман на двојно поголема количина на отпадна вода.
Концентрацијата на чист кислород во водата е за пет пати поголема од онаа на кислородот во воздухот, така што може да ги заменат точните концентрации на растворен кислород пет пати побрзо: употребата на чист кислород, кој е ефикасно растворен во отпадните води со помош на Ecojet ®, значи дека третманот може да биде ефективен. Ecojet® е серија на производи и услуги базирани на патентираното решение на СОЛ групацијата за третман на водата, особено нејзино пречистување; постројката Ecojet е една од најмодерните единици за претворање на гасови во течности кои се достапни на пазарот и благодарение на континуираното подобрување низ годините и направените студии, таа е дизајнирана и произведена за да гарантира најдобри резултати за пренос на гас со што се намалуваат оперативните трошоци, се избегнува загубата на гас и се ограничува на потрошувачката на електрична енергија.
Ecojet® овозможува брзо и лесно контролирано внесување на чист кислород во активниот талог во резервоарите и кај индустриските и кај другите пречистителни станици, со ефикасно растворување кое обично може да достигне до 95% од гасот кој се користи. Активниот талог бара континуиран доток на кислород растворен во соодветни количини за оптимален третман на отпадните води, така што недостатокот на растворен кислород влијае на квалитетот на третманот и ја компромитира неговата ефикасност: флексибилноста на Ecojet® и достапноста на кислородот кој СОЛ го нуди гарантира брза реакција дури и при непредвидливи промени на количините на загадувачите кои се внесуваат во пречистителната станица, со што овозможува надминување на капацитетот за кој што била дизајнирана станицата.
Ecojet® може да ги замени или да функционира паралелно со традиционалните системи за оксигенација и благодарение на одличните резултати кои ги дава овозможува константност на инвестициските трошоци, дури и доколку е потребно зголемување на капацитет за пречистување со што се оптимизираат оперативните трошоци кои се пропорционални со количината на загадувачите.