Енергија и животна средина

pH контрола и неутрализација

Со употребата на неоргански киселини за контрола на pH вредноста при третманот на водата не само што постои потенцијален ризик од предозирање со што pH вредноста многу ќе се намали, исто така во водата се внесуваат несакани хемиски соединенија (како на пример соединенија со хлорид). Технологијата која ја нуди СОЛ за оваа намена со употреба на CO2 кој се доставува со сертификат за чистота и употреба со храна и може да се спореди со оној што се користи при карбонизација на безалкохолни пијалаци претставува добра и сè попопуларна алтернатива.

На пример, коагулационите соединенија кои се користат при третман на водата за пиење со кои се врши отстранување на суспендираните цврсти честички кои ја матат водата може да ја зголеми pH вредноста на водата до 9-10: за овие хемиски производи да може правилно да функционираат, овие вредности треба да бидат скоро неутрални. СОЛ нуди решенија прилагодени на индивидуалните постројки на клиентите при што се прави безбедна контрола на pH вредноста со автоматски системи.

Предноста на користење на CO2 е уште поочигледна кога од водата треба да се отстрани алуминиумот. Овој метал е многу растворлив на pH вредност која е скоро неутрална па затоа неопходна е внимателна контрола на pH вредноста: технологијата која СОЛ ја нуди со употреба на CO2, ова го овозможува со минимална интервенција на постројката.

Неутрализацијата на алкалните води, како на пример водата од перење која содржи сода е потребна кога оваа вода треба да се испушти во резервоар за вода или во станица за биолошки третман. Традиционалната употреба на неоргански киселини (H2SO4 и HCl) резултира со низа проблеми од големо значење како што се ограничувањата на количината на сулфиди и хлориди во водата (поради неутрализацијата со сулфурна или хлороводородна киселина), високите трошоци за одржување и безбедното ракување со неорганските киселини, ризикот од зголемување на киселоста поради неправилно дозирање: СОЛ технологија за користење на CO2 ги решава овие проблеми. Всушност, карбонатите и бикарбонатите кои се јавуваат поради употребата на јаглерод диоксид не ја загадуваат животната средина и не се предмет на ограничување.CO2 е инертен, не-корозивен, ракувањето со него не претставува ризик за вработените, регулирањето на pH вредноста е едноставно бидејќи дури и доколку дозирањето не е точно не постои ризик од зголемување на киселоста.

СОЛ за индустрија
Потребни ви се повеќе информации?
Контактирајте не на