Деодоризирање
Непријатните мириси кај отпадните води, талогот и канализацијата кои се јавуваат како резултат на анаеробното распаѓање во отсуство на кислород може да се појават доколку водата или талогот останат во одредени делови од постројката во тек на некој временски период кој ќе и овозможи на бактериската флора да го конзумира целиот растворен кислород (резервоари, долги цевоводи, места каде се депонира талогот). Во овие случаи водата има негативни вредности на редокс потенцијалот што укажува на фактот дека се создадени анаеробни услови кои може да доведат до формирање на хемикалии (на пример H2S) со непријатен мирис.
СОЛ досега решил неколку случаи каде се појавиле вакви проблеми со превентивно додавање на чист кислород во водата и канализацијата со цел да се избегне создавање на анаеробни услови.
Беа проучени начините на додавање на чист кислород при што беше предложено да се земат во предвид различните потреби кај различните апликации кои може да произведат непријатни миризби. Користењето на оваа технологија на СОЛ овозможува намалување на влијанието врз животната средина на постројките за управување и третман на отпадните води и канализација, со многу мала интервенција кај постројките и со многу ниски трошоци за одржување во споредба со другите решенија како што се изолира цел дел од постројката.