NО терапија
Од медицинскиот гас Неофир (Neophyr), за кој СОЛ има добиено дозвола за продажба во многу земји во три различни концентрации (225, 450 и 1000 ppm на NО во азот), до комплетна услуга за дозирање и снабдување, што овозможува медицинскиот персонал целосно да се посвети на пациентот, администрирајќи го медицинскиот гас и следејќи го напредокот на терапијата.
Комплетната услуга вклучува снабдување апарати за администрирање (интелигентен медицински уред за континуирано дозирање и мониторинг), по можност со безбедносен бекап.
Техничкиот персонал на СОЛ лично се грижи за уредот за администрирање, во смисла на периодична калибрација на сензорите за следење и планирано одржување.
СОЛ го става на располагање на здравствената установа апаратот потребен за соодветна обука на одговорниот персонал, како и комплети за приклучување кон белодробниот вентилатор во саканите видови и количини.