Крио-закрепнување (Cryorecovery)
Услугата „Крио-закрепнување“ (CryoRecovery) е осмислена од СОЛ за да им овозможи на трети лица да ги зачуваат своите биолошки примероци или лекарства во организации со највисоки технолошки стандарди, сертифицирани од страна на италијанскиот национален центар за трансплантација (протокол 0022082P од 04/10/2013)и управувани од страна на свој оперативен персонал квалификуван за одржување на „ ладен ланец“.
СОЛ ги става на располагање своите криобиолошки соби, распространети низ цела Италија и сертифицирани како медицински уреди според Европската Директива93/42/ЦЕЕ, опремени со заверени и потврдени апарати, и кои гарантираат недвосмислена идентификација и следење на биолошките примероци во криобиолошки садови и механички замрзнувачи, со што се елиминира ризикот од вкрстена контаминација и погрешна идентификација.
Температурата во внатрешноста на садовите и замрзнувачите постојано се следи и снима, со далечински алармни системи и стандардни оперативни процедури за итни случаи.
СОЛ гарантира телеметриска контрола на опремата, со податоци за целата криобиолошка соба што периодично се преземаат и чуваат во резервни системи, на различни локации. Податоците се чуваат на СОЛ серверот најмалку 30 години, како што тоа се бара со сегашниот закон.