СОЛ за здравствената индустрија

ЕПГА (EPGA)

Анализа на гасови, согласно Европската Фармакопеа и акредитирана според EN17025, со мобилна станица

Иновативен процес, привилегија на малкумина оператори во Италија: анализа на квалитетот на гасовите испорачани од изворите на снабдување и терминални единици во болниците со мобилнa станица за анализа, што го прави земањето примероци за праќање на лабораториска анализа практика од минатото.

Брзи, неинвазивни и многу прецизни анализи, со моментална контрола на добиените резултати се информира болничкиот фармацевт, а потоа се испраќа сертификатот за анализата според акредитираната постапка од EN10175: мобилната станица е составен дел од акредитација на Монца лабораторијата за чисти гасови бр. 1415, објавена на www.accredia.it, за листата на тестови акредитирани од СОЛ.

Мултифункционален инструмент, што СОЛ го става на располагање на здравствените организации, гарантирајќи акредитиран резултат на кој фармацевтот може да се потпре за било која верификација.

Анализа на гасови со колориметриски метод, согласно Европската Фармакопеа

Едноставна и брза метода за анализа на квалитетот на гасовите кои доаѓаат од извори или терминални единици во болниците со комплет подготвен за употреба, полн со специфични колориметриски шишенца, чија ефикасност е загарантирана од фактот дека тие се сигурно запечатени до времето на употреба.

Едноставни, брзи и точни анализи, со моментална контрола на добиените резултати се информира болничкиот фармацевт, а потоа се испраќа сертификатот за анализата согласно компаниската постапка со која се регулира услугата.

Сектори на употреба

СОЛ за здравствената индустрија
Сакате нешто да пријавите? Потребни ви се повеќе информации?
Контактирајте не на