Снабдувањето на најчистиот гас или балансирана мешавина не е доволно за да се има максимално ниво на квалитет на услугата. Во секторот за технички гасови, она што е од суштинско значење е снабдувањето со гас на начин, време и количина соодветна за секој клиент, при што СОЛ нуди голем број на можности со цел да им помогне на клиентите во нивните активности. Понудата на СОЛ за складирање и транспорт, се состои од мобилни контејнери под притисок, криогени резервоари, до цевководи или опрема за системите на самата локација, од уреди за регулација до активни и пасивни системи за безбедност.