Нафта и гас

Забрзано ладење на реакторот

За време на одржувањето на постројките за рафинирање, ладењето на реакторот може да одземе најмногу време: забрзаното и контролирано ладење со течен азот може значително да го намали времето на застој во постројката во корист на производствените активности.

На пример, за замена на катализатор во реакторот, времето кое е потребно за тој да се излади до температура на која персоналот ќе може безбедно да влезе внатре може да се намали од неколку дена до неколку часа: со користење на решението кое го нуди СОЛ ладењето може да се направи многу побрзо со пумпање на ладен азот во реакторот, при што постојано се следи температурата на различни места во постројката.

Со своето искуство во овој сектор, СОЛ ја обезбедува севкупната опрема и потребен персонал за извршување на операциите за ладење со максимална ефикасност и во безбедни услови: благодарение на континуираното истражување на ефективните и ефикасни технологии и соработката со високо квалификувани оператори, СОЛ им нуди на своите клиенти индивидуални решенија и ги обезбедува најнапредните апликации за ладење кои се достапни на пазарот.

Гасови

Сектори на употреба

СОЛ за индустрија
Потребни ви се повеќе информации?
Контактирајте не на