Нафта и гас

Сушење и ставање под притисок

Сушењето како активност, е потребно за да се исуши опремата после одржувањето, било да станува збор за цевоводи, резервоари или реактори, со што се остава исклучително ниско ниво на релативна влажност: сушењето помага да се држи чистотата на производот под контрола, при повторното пуштање во функција на постројката, се минимизира корозијата и се зголемува безбедноста и контролата врз процесот. На крајот на сушењето, за да се спречи навлегување на влага или кислород од околината, опремата се става под притисок со азот.

СОЛ обезбедува интегрирани решенија за сушење и ставање под притисок со што овозможува, благодарение на карактеристиките на азотот кој го испорачува, да се постигне најниската точка на росење со ограничено време и трошоци. Азотот се пумпа низ опремата која треба да се суши на контролирана температура, притисок и проток при тоа користејќи опрема и апаратура специјално дизајнирани за оваа активност: континуираното следење на параметрите овозможуваат процесот да се врши правилно со што постројката е подготвена за понатамошни активности.

Главните предности на сушењето со азот се многу ниската точка на росење која се постигнува во апаратите и опремата која се третира како и спречувањето на појавата на корозија: постројката се остава во безбедна состојба благодарение на инертната природа на гасот.
Благодарение на соработката со високо квалификувани оператори како и достапноста на специфични апарати и квалификуван персонал, СОЛ на своите клиенти може да им понуди индивидуални и проверени решенија, соработувајќи уште од фазата на дизајнирање и планирање на одржувањето, во дефинирањето на најдобрите и најефикасните протоколи за целокупниот процес.

СОЛ за индустрија
Потребни ви се повеќе информации?
Контактирајте не на