Храна & пијалаци

Замрзнување - КриоСОЛ

КриоСОЛ е специфична серија на технологии, производи и услуги развиени од страна на СОЛ која може да понуди целосен одговор на потребите на субјектите во прехранбениот сектор каде се користи ниска температура, посебно за ладење и замрзнување.

Расипливите прехранбени производи отсекогаш биле конзервирани со користење на ниски температури:спречувањето на микробиолошката активност на температури под нула степени Целзиусови и ден денес претставува многу распространета технологија. При замрзнувањето или криогенското ладење на храната се користи азот и јаглерод диоксид во течна состојба, односно криоген гас во течна состојба на многу ниска температура.

Замрзнувањето со криогени гасови е еден од најдобрите методи за замрзнување на храна, како поради брзината на замрзнување односно краткото работно време, така и поради помалите инвестиции при нивното користење. Високата концентрација на единица мерка за извлекување на топлината на единица гас, на температура од -196°C за течен азот и -78°C за течен јаглерод диоксид, овозможува исклучително брзо ладење (во само неколку минути) на повеќето прехранбени производи; во споредба со другите методи на ладење, со овој метод се задржува оригиналниот вкус на храната.

Исто така, со големата брзина на замрзнување, водата која храната ја содржи се претвора во микро-кристали со што се ограничува губењето на тежина во споредба со традиционалните системи на воздушно замрзнување, со што се гарантира подобар квалитет на производот кога храната ќе се одмрзне.

Тунелите за замрзнување на КриоСОЛ го користат патентот на СОЛ со кој се оптимизира потрошувачката на гас и електрична енергија, што овозможува ефикасни заштеди во споредба со сличните системи за замрзнување кои користат криогени гасови.

СОЛ за индустрија
Потребни ви се повеќе информации?
Контактирајте не на