Храна & пијалаци

Сопствено производство на азот - НитроСОЛ храна

Искуството кое СОЛ го има со технологиите за производство и употреба на азот ја овозможуваат понудата на решенија за оптимално и економично снабдување со гас кај разни производствени процеси, којашто вклучува достапност на гас во компримирана или течна форма или преку производствени системи поставени директно кај клиентите.

Сигурноста на постројките за сопствено производство на СОЛ се базира на употребата на компоненти кои се со висок квалитет и долг век на траење, на огромното знаење од областа на производствените процеси и апликации стекнато во текот на 30 години искуство со вакви постројки.

Посебно кога станува збор за секторот за храна, каде стандардите за квалитет и сертификацијата на произведениот гас се од суштинско значење за гаранција на квалитетот на храната, СОЛ нуди системи за сопствено производство, дизајнирани, произведени и сертифицирани за овој сектор, со постојана контрола на квалитетот на производството на гас согласно регулативите на ЕУ.

Постројките од серијата НитроСОЛ за храна користат многу ниски температури, PSA или технологија на полимерни мембрани во согласност со барањата на клиентите и се доставуваат на тој начин што се овозможува нивно лесно поставување; нивниот капацитет на производство може да се прилагоди согласно потребите на клиентите, чистота на произведениот гас може да достигне 99.999% чист азот и има капацитет од неколку десетици литри во минута до над 1000м³ на час.

СОЛ за индустрија
Потребни ви се повеќе информации?
Контактирајте не на