Наѓубрување со обезводен амонијак - АгриСОЛ
Наѓубрувањето со обезводен амонијак нуди неколку предности во споредба со уреа и амониум нитрат: АгриСОЛ претставува специфичен спектар на производи, технологии и услуги развиени од страна на СОЛ кој им овозможува на земјоделците оптимизација на нивниот принос од обработливо земјиште на природен начин, во исто време намалувајќи ги остатоците од ѓубривото.
Наѓубрувањето со АгриСОЛ обично се прави во пролет, а со најсовремените технологии исто така може да се користи и врз листовите на растенијата (мај-јуни) со што има подолготрајна корист, при што се намалува загубата на ѓубриво, дури и кога временските услови не се оптимални. Познато е дека соодветната количина на азот како микро елемент е од суштинско значење за оптимален и здрав раст на културите: за да се постигне овој резултат, азотните ѓубрива во пракса мора да се користат во поголеми количества од оние што ефективно ќе се апсорбираат во растенијата поради загубите предизвикани од врнежи од дожд.
АгриСОЛ овозможува ефикасна употреба на ѓубривото, бидејќи обезводнетиот амонијак брзо се врзува со водата која природно е присутна во почвата и културите може да го користат подолго време во споредба со традиционалните ѓубрива: ова овозможува подобра продуктивност по хектар без зголемување на трошоците за наѓубрување и овозможува третманот да се изврши доволно време пред сеидбата така што останува повеќе време за делување на ѓубривото. АгриСОЛ особено се препорачува за пченица и пченка; оваа технологија беше развиена во САД и Канада, а истата е промовирана во Европа од страна на СОЛ групацијата.