Етика и вредности

Вредностите на кои се основаат активностите на СОЛ

Етички кодекс и модел на организација, управување и контрола

СОЛ групацијата смета дека почитувањето на етичките принципи, точноста и транспарентноста се суштински услов за одржлив развој.

Почитувањето на Етичкиот кодекс овозможува менаџирањето на работата и човечките односи во и надвор од групацијата да биде правично и ефикасно, со цел да се зачува угледот на компаниите кои се дел од неа, а во исто време да се создаде чувство на гордост и припадност кај вработените.

Моделот на организација, управување и контрола усвоен од страна СОЛ Спа согласно законската одредба 231 од 2001 година го интегрира Етичкиот кодекс и претставува оперативна алатка за примена на принципите кои ги содржи.

Етички кодекс на СОЛ групацијата

Етичкиот кодекс на СОЛ групацијата ги дефинира вредностите на кои се засноваат сите активности на групацијата и практиките кои мора да ги следат сите вработени и соработници со цел исполнување на очекувањата на засегнатите страни.

Етички кодекс