Храна & пијалаци

Криогено чистење со CO2 - DryBlast

DryBlast претставува цела низа на технологии, производи и услуги кои СОЛ ги нуди за чистење на површини со CO2 во тврда состојба: системот е едноставен, еколошки, неабразивен и економичен, истиот се базира на употребата на високо-брзинска млазница со честички од сув мраз со компримиран воздух. Тврдите честички на CO2 имаат типичен дијаметар од околу 3мм и помалку, на температура од околу -78°C и ја имаат карактеристиката на преминување од тврда во гасовита состојба многу брзо, исчезнувајќи директно во атмосферата без било какви остатоци и го отстрануваат слојот на нечистотија од површината која се третира.

Тврдите честички на CO2 навлегуваат во нечистиот слој кој треба да се отстрани, а во исто време почнуваат да преминуваат во гасовита состојба и создаваат притисок меѓу слојот кој треба да се отстрани и долната површина, со што нечистотијата почнува да се уништува поради ниската температура на пелетите.

Отстранувањето на нечистиот слој се остварува како комбиниран резултат на три механизми: кинетички пренос на енергија, термички шок, диференцијален притисок предизвикан од брзина.

Освен ова, кога овој метод ќе се спореди со чистењето при кое се користат хемиски производи како разредувачи или со абразивните чистења при кои се користи песок, со Dryblast технологијата нема никакви остатоци од потенцијално штетни материи на површините на опремата и машините за храна кои на тој начин остануваат исти и по многубројни користења на овој метод, со што се гарантира квалитетот на произведената храна и се намалува времето потребно за чистење на тој начин што се чисти на лице место и се зголемува безбедноста.

СОЛ за индустрија
Потребни ви се повеќе информации?
Контактирајте не на