За нас

Нашата компанија 

ТГС Технички Гасови доо Скопје е формирана далечната 1939 година како фабрика за компримирани гасови. По Втората светска војна, во 1947 година, фабриката почнува со работа под ново име ' Лепенец '' - Ѓорче Петров. Во текот на своето работење друштвото неколкупати го менува името.

Во 1995 година друштвото станува член на групацијата СОЛ со која продолжува да работи и да ѓи развива сопствените капацитети. Денес ТГС Технички гасови како член на СОЛ Групацијата е дел од големото семејство кое го сочинуваат повеќе од 60 оперативни компании, активни во 24 земји со повеќе од 2800 вработени во секторот на техничките, чистите и високочистите гасови, медицинските гасови и уреди, домашна нега, биотехнологија, како и произведување на енргија од обновливи извори.

 Основна дејност на ТГС " Технички гасови " е производство и трговија со технички и медицински гасови, (кислород, азот, аргон, ацетилен, јаглерод диоксид, водород, хелиум, фреон и нивни мешавини), додека останатите активности вклучуваат транспорт, дистрибуција и продажба на медицински и технички гасови, дизајн и технички решенија, монтажа на инсталации за потрошувачката на гас и трговија со опрема и уреди за користење на гасови.