Работа кај нас

Транспарентност, лојалност, непристрасност, чесност, интегритет, континуирана заложба за квалитет, постојано подобрување на безбедноста на работното место и почитување на животната средина, се темелните вредности кои СОЛ групацијата ги бара и ги поттикнува кај своите вработени.

СОЛ групацијата верува дека е можно да ја развие и подобри својата ефикасност пред се преку човечките ресурси.

Вработените од сите компании во групацијата без оглед на нивното работно место или договорот кој го имаат се одговорни за целите кои им се зададени и мора да имаат можност во рамките на своите надлежности да донесуваат одлуки и да работат автономно, при тоа имајќи силна и лојална врска со компанијата.

Главниот поттик кој ни овозможува да ја подобриме нашата професионалност мора да го пронајдеме во себеси: во нашата љубопитност, во начинот на кој одредуваме како да се справиме со новите предизвици, во нашата желба за наука и за соочување со нови работи.

Во компаниите од групацијата не смее да се дозволи непочитување, нетолеранција, условување, злоупотреба или дискриминација од било каков вид. Овој принцип не смее да се игнорира и мора да се применува од страна на сите, без разлика на нивната функција и во сите ситуации.

СОЛ групацијата се обврзува да создаде и одржува работна атмосфера во која личните карактеристики не смее да доведат до дискриминација.

СОЛ групацијата ги почитува националните закони за работни односи во секоја држава во која работи како и меѓународните конвенции и препораки, вклучувајќи и решенија на меѓународни тела како што се МОТ (Меѓународната организација на трудот) и на ОН (Обединетите нации).