СОЛ за здравствената индустрија

Технологии и услуги за здравствениот сектор

СОЛ нуди дополнителни услуги во врска со употребата на медицински гасови

Здравствениот систем во 21-от век има зголемена потреба од партнери кои можат брзо и ефикасно да обезбедуваат решенија за континуирано подобрување на квалитетот и начините на обезбедување здравствена заштита.

Клиентот" на здравствениот систем - пациентот - има се поголем број извори на информации за можни терапии и мислења за здравствените организации, за да ги споредува и да избере каде ќе се лекува, и не само што нема да прифати лош квалитет во лекувањето или во било кој друг аспект на организацијата која ја избира, туку и сè повеќе ќе бара, ќе може да ги оценува резултатите и да ги остварува своите права.

Покрај тоа, новите санитарни и терапевтски протоколи бараат производи, услуги и уреди кои се во чекор со научните и технолошки истражувања со цел да се обезбеди максимална ефикасност и најдобри резултати од лекувањето.

Затоа здравствениот систем мора да се сконцентрира на својата основна дејност, обезбедување многу комплициран производ - здравје – на многу специфичен клиент - пациентот – доверувајќи им ги „неосновните“ дејности на специјализирани партнери кои се во состојба да понудат исклучително висок квалитет благодарение на нивната специфична компетентност, секогаш внимавајќи на оптимизирање на трошоците.

Сето тоа е можно со Групацијата СОЛ, која благодарение на своето повеќедецениско искуство во здравствениот сектор и постојан контакт со сите професионални лица во секторот, им ја нуди на јавните и приватните здравствени и социјални организации својата професионалност во следниве сектори:

СОЛ за здравствената индустрија
Сакате нешто да пријавите? Потребни ви се повеќе информации?
Контактирајте не на