Обработка на метали

Сопствено производство на водород - HySOL

Искуството на СОЛ во областа на водородните технологии овозможува Групацијата да им нуди на клиентите оптимални и економични решенија за обезбедување гас за своите производствени процеси, вклучувајќи достапност на гасот во компримирана форма или со производствени системи инсталирани директно во просториите на клиентите.

Сигурноста на постројките за сопствено производство на СОЛ се должи на употребата на високо квалитетни, долготрајни компоненти, на богатото производствено и практично знаење, како и на 30-годишното искуство во водење на овие постројки.

Во согласност со стандардите за безбедност и квалификација на произведениот гас, кои се од суштинско значење за гарантирање правилно функционирање на системот, СОЛ нуди решенија за сопствено производство дизајнирани, изработени и сертифицирани за овој сектор, особено со постројка која нуди постојана контрола на производствениот квалитет во согласност со барањата на овој сектор.

Постројките од серијата HySOL користат технологии на каталитичко реформирање и електролиза во согласност со барањата на клиентите и се обезбедуваат веќе монтирани на подлога со цел минимизирање на активностите за инсталација;имаат производни капацитети кои можат да се прилагодат на различните потреби на клиентите, со производствена чистота која може да достигне содржина на водород од 99,9 - 99,999% и со опсег на капацитет којшто може дури да надмине и 50м³ на час по модул.

Гасови

Сектори на употреба

СОЛ за индустрија
Потребни ви се повеќе информации?
Контактирајте не на