Храна & пијалаци

Фумингација со CO2 и уништување на штетници

Намалувањето на приносот и загубите кои ги предизвикуваат штетниците претставува голем предизвик за земјоделското производство.

Ефектот на фумигантот со јаглерод диоксид кој го нуди СОЛ овозможува третман по бербата на органските култури со што се зголемува безбедноста на храната и квалитетот на производите, истовремено намалувајќи ги отпадните производи, без било како да влијае врз органскиот статус на производите.

Заразеноста на земјоделските прехранбени производи со инсекти предизвикува директна и евидентна штета кај плодовите и семињата; контаминацијата со измет од инсекти доведува до развој на габи, а како последица од тоа се формираат микро-токсини кои предизвикуваат болести кај домашните животни и се штетни за човекот.

Употребата на јаглерод диоксидот за фумингација , понекогаш помешан со азот, го спречува развојот на паразити и ја намалува количината на мувла и габи, со што се елиминира ризикот за создавање на токсини од растително потекло, како што се микро-токсини и афлатоксини.

Јаглерод диоксидот може да се употреби во специјални автоклави или директно во силосите, со соодветна подготовка на складишниот простор и врз основа на внимателна анализа на производот кој треба да се третира и опремата која е потребна: СОЛ за своите клиенти ги обезбедува специфичните апарати и потребниот стручен кадар за овие активности.

Фумингација со CO2 и уништување на штетници

Сектори на употреба

СОЛ за индустрија
Потребни ви се повеќе информации?
Контактирајте не на