Храна & пијалаци

Гасови, технологии и услуги за секторот за храна и пијалаци

Гаранција за квалитетот и безбедноста на прехранбените производи

Субјектите од секторот за храна треба да одговорат на барањата на потрошувачите, со производи кои се ориентирани кон природност, свежина и безбедноста на храната, без при тоа да се стават во заден план достапноста, асортиманот и практичноста.

СОЛ на своите клиенти им нуди индивидуални решенија, заедничка работа во производните процеси во насока на подобрување на стандардите за квалитет на нивните производи. Храната може да се замрзне со течен азот или јаглерод диоксид, да се спакува во модифицирана атмосфера и да се контролира со азот и други гасови: на овој начин се зачувува нејзиниот изглед и вкус. Садниците и растенијата се третираат со атмосфера богата со јаглерод диоксид во стакленици со цел да се забрза и да се подобри нивниот раст. Рибата побрзо се одгледува благодарение на употребата на кислородот. Зачините и кафето може да се мелат на многу ниски температури со течен азот за да се зачува нивната арома и квалитет. Гасовите кои СОЛ ги нуди, како и апаратите и постројките кои се користат за дистрибуција на гасот, се сертифицирани за употреба со храна согласно европските регулативи.

СОЛ за индустрија
Потребни ви се повеќе информации?
Контактирајте не на