Енергија и животна средина

Третман на вишокот талог

Една од поважните примени на чистиот кислород кој СОЛ го нуди е аеробна стабилизација на вишокот на талог во станиците за биолошки третман: вишокот на активен талог кој останува во резервоарите за оксидација и нитрификација се става во специјални резервоари за третман, така што единствените органски супстрати со кои може да се хранат бактериите се супстратите кои се наоѓаат во талогот. Во овие услови се создава ендогена респирација така што бактериската активност доведува до значително намалување на количеството на биоразградливи материи кои првично се наоѓале во талогот како и ефективна стабилизација. Предноста на користењето на чист кислород во споредба со воздухот е пократкото времетраење на третманот што значи дека постројката или станицата може да биде помала и со ист волумен на резервоарот, зголемено намалување на органската фракција и помала количина на талог кој треба да се отстрани и минимално влијание врз животната средина кое се постигнува со ограничување на емисиите на гасови од резервоарот каде се врши третманот.

Намалувањето на количеството на суспендирани био-разградливи цврсти материи генерално изнесува 20% кај постројките кои користат воздух, но може да достигне 40% кај постројките кај кои се користи чист кислород: главната причина е тоа што при употребата на чист кислород, количината на гас е многу помала отколку кога се користи воздух, така што топлината која се создава од бактериската активност не се губи со испарување; како резултат на тоа температурата на течноста се зголемува, давајќи можноста за бактериска активност.

СОЛ за индустрија
Потребни ви се повеќе информации?
Контактирајте не на