Енергија и животна средина

Денитрификација на отпадните води - NAD

Присуството на високи нивоа на азотни соединенија во отпадните води, поголеми од потребните за балансирано хранење на активниот талог во однос на количината на BOD кој треба да се третира, а кој се наоѓа во индустриските отпадни води, бара специфичен третман и пречистителна станица каде тие ќе може да се намалат. Употребата на NAD технологијата каде се врши темпирано внесување на чист кислород со Ecojet®, овозможува справување и во голема мерка решавање на овој проблем со ограничени инвестиции и при тоа користејќи ги постојните пречистителни станици.

Доволното количество на кислород растворен во делот од пречистителната станица за оксидација за бактериите да може да ги денитрифицираат растворените азотни соединенија е загарантирано со големата флексибилност и брзина на растворување на Ecojet®, додека пак условите за денитрификација и отстранувањето на овие соединенија во форма на азот се постигнува со тајмингот на внесот на кислородот. Протоколите и методите за користење на NAD се дефинирани во технолошките услуги на СОЛ и тие се врз основа на специфичните проучувања и потребните тестирања на терен.

СОЛ за индустрија
Потребни ви се повеќе информации?
Контактирајте не на