Хемиска и фармацевтска индустрија

Мелење и микронизација

Традиционалното мелење на собна температура не дава прифатливи резултати кај одредени хемиски и фармацевтски производи во однос на големината на честичките, квалитетот и безбедноста на производите, главно поради загревањето кое се случува во текот на мелењето и присуството на влага и кислород кои го расипуваат производот. При овие услови, зголемувањето на температурата може да предизвика големи промени кај производот кој се третира: формирање на несакани нус-производи, честички со најразлична големина и создавање на потенцијално небезбедни услови.

Едно решение кое е ефикасно и многу поволно е производот откако ќе се внесе и додека е внатре во микронизерот да се вбризга течен азот на многу ниска температура или во одредени случаи јаглероден снег. Со оваа технологија производот кој се третира станува покршлив, така што полесно се меле и има пониски енергетски трошоци, честичките се со хомогени димензии, а атмосферата во текот на мелењето е инертна и побезбедна.

СОЛ нуди интегрирани решенија за мелење и микронизација така што може да се произведуваат погони погодни за употреба на криогенски или ниско-температурни гасови благодарение на соработката со високо квалификувани оператори и искуство кое го има во овој сектор. Течниот азот може да се користи во соодветни погони со контролиран притисок и капацитет, при што сите параметри постојано се следат.

СОЛ за индустрија
Потребни ви се повеќе информации?
Контактирајте не на